ЛИМС е комплексен, сеопфатен информационен систем кој се користи во процесот на лабораториски анализи на примероците кои се донесуваат во лабораторијата за:
- Редовни тестови
- Идентификација на причините за одредена клиничка болест
- Екстерминирање на заболените животни
- Различни истражувања
Се користи за регистрирање на целокупното движење на примероците донесени за тестирање во различни лаборатории, како и складирање на сите применети методи и болести за кои примерокот бил тестиран.
- Стандардни протоколи за собирање и упатување на примероците за лабораториско испитување
- Кастимизација на стандардните податоци користени за опис на примероците што се донесени за лабораториско испитување
- Едноставно регистрирање и управување со сите резултати од извршените лабораториски анализи на примероците
- Размена на потребните информации помеѓу лабораториите, одделенијата и ветеринарните инспектори
- Целосно автоматизиран процес на фактурирање за извршените услуги и лабораториски анализи, што обезбедува комплетен финансиски статус на лабораториите во секое време
- Пресметка на времето потрошено за лабораториска анализа за секој примерок, од моментот на прием до издавањето на крајниот резултат на тестот
ЛИМС е достапен во web и windows базирана верзија.