ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа политика на приватност го уредува односот помеѓу Друштво за информатички инженеринг ЕДУСОФТ ДОО Скопје (во понатамошниот текст “ЕДУСОФТ ДОО Скопје”, “Контролорот”, “Компанијата” или “ние”) како Контролор, од една страна, и корисникот на веб страницата https://edusoft.com.mk (во понатамошниот текст “корисникот” или “Вие”) како субјект на лични податоци, од друга страна. Воедно, со оваа политика на приватност, ние ја исполнуваме нашата обврска за доставување на информации, предвидена во член 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци

Правото на приватност и заштита на личните податоци претставува наш приоритет и обврска. Секој корисник при користење на формите на нашата веб страница изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика за приватност.

Вие може да одлучите да ни дадете одредени Ваши лични податоци преку веб-страницата, и тоа: Име и презиме, телефон, e-mail адреса, податоци кои ги внесувате во Вашата кратка биографија (CV) и податоци од колачиња. Препорачуваме да не оставате дополнителни непотребни лични податоци, особено не личен податок како што е ЕМБГ, во текстот за пораки или во Вашата кратка биографија.

Сите вработени во нашата компанија се обврзуваат да ги чуваат личните податоци и обучени се да обезбедат тајност и заштита при нивна обработка.

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:

1. Видови на податоци кои ние ги собираме;

2. Процес на доставување на кратка биографија;

3. Како ги собираме личните податоци;

4. За кои цели ЕДУСОФТ ДОО Скопје ги користи податоците;

5. Како ги чуваме и колку долго ги чуваме на личните податоци;

5.1 Безбедност на податоците

5.2 Рок на чување на личните податоци

6. Пренос на лични податоци;

7. Маркетинг;

8. Социјални мрежи;

9. Приватност на трети страни;

10. Политика за заштита на лични податоци за деца (малолетни лица);

11. Кои се Вашите права во врска заштитата на личните податоци;

12. Обработувачи на лични податоци;

13. Користење на веб форма за контакт;

14. Промена на политиката за приватност;

15. Како да нѐ контактирате;

16. Како да ја контактирате Агенцијата за заштита на личните податоци.

1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници — Лични податоци и Нелични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Лични податоци се податоци кои идентификуваат или можат да идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на нашата веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или друга услуга од нас, Вие внесувате Ваши лични податоци. Во зависност од активноста податоците се задолжителни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. Кои видови на лични податоци ги собираме зависи од природата на Вашето барање, а меѓу другото, собираме: име и презиме, телефон и E-mail адреса.

Ние ги користиме личните податоци исклучиво за целта за која ни ги давате, имено за постапување по Вашите барања. Доколку добиеме Ваша дополнителна согласност, личните податоци можеме да ги искористиме за маркетинг и промотивни цели, за да го подобриме работењето на веб-страницата, за да ја анализираме корисноста на веб-страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци.

НЕЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Нелични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Ние, и/или нашите овластени трети странки - бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки.

2. ПРОЦЕС НА ДОСТАВУВАЊЕ НА КРАТКА БИОГРАФИЈА

На нашата веб страница имате можност да доставите Ваша кратка биографија (CV) со што ние од Вас би ги добиле следните лични податоци: име, презиме, датум на раѓање, место на живеење, телефон, е-маил адреса, работно место за кое се аплицира и Ваша кратка биографија CV. Ве молиме во Вашата кратка биографија да внесете само податоци релевантни за можното вработување, како порананешно образоврание и работно искуство, а да не оставате дополнителни непотребни лични податоци, а особено не податок како што е ЕМБГ.

По внесувањето на овие податоци, пред копчето “Испрати” се наоѓаат две полиња за штиклирање:

1. “Изјавувам дека сум запознат, се согласувам и ја прифаќам политика на приватност на ЕДУСОФТ ДОО Скопје.”

2. “Давам согласност на ЕДУСОФТ ДОО Скопје да ги обработува моите лични податоци за целите на идно можно вработување.”

Процесот на испраќање на кратка биографија (CV) не може да заврши, доколку корисникот не го штиклира првото и второто поле, односно не се согласи со политиката за привантност и не даде согласност за обработка. Доколку корисникот не се согласува со политиката за приватност и не даде согласност, тој не може да достави кратка биографија (CV).

3. КАКО ГИ СОБИРАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вие директно ни ги давате Вашите лични податоци преку пополнување на соодветни формулари на нашата веб-страница, односно ние обработуваме исклучиво лични податоци добиени од Вас, како субјект на лични податоци. Вие имате целосна контрола врз Вашите лични податоци кои ни ги давате и можете во секое време да ги проверите, менувате, бришете Вашите лични податоци со користење на обрасците достапни на нашата веб-страница.

Ние не ги собираме Вашите лични податоци од други извори, односно не обработуваме лични податоци кои не се добиени од Вас како субјект на личните податоци.

4. ЦЕЛИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Ние ги користиме Вашите лични податоци исклучиво за целта за која сте ни ги дале.

а) Грижа на корисници и одговор на Ваши барања

Интеракцијата помеѓу нас и Вас, преку електронска пошта се реализира исклучиво доколку самите изразите желба да стапите во контакт со нас преку електронска пошта. Ние се обврзуваме да Ви одговориме на сите ваши прашања и нејаснотии, а личните податоци нема да ги користиме за промотивни или други какви било цели освен за обезбедување на потребната помош и информација со цел грижа на своите корисници.

б) Идно можно вработување

Во секое време, на нашата веб страница имате можност да поднесете Ваша кратка биографија (CV) која ќе биде искоритена за идно можно вработување. Личните податоци нема да ги користиме за промотивни или други какви било цели, освен доколку имаме Ваша согласност.

Собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци се обработуваат со цел:

· постапување по Вашите барања;

· идно можно вработување

· работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт;

· да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување;

· да Ви одговараме на Ваши барања и прашања;

· анализа и спроведување на истражувања;

· да комуницираме и Ве информираме за дополнителни работи ;

5. КАКО ГИ ЧУВАМЕ И КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

5.1. Безбедноста на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни технички и организациски мерки со цел да се заштити безбедноста на лични податоци.

Вашите податоци се чуваат на безбедни сервери кои се наоѓаат во Р. С. Македонија, во сопственост на Едусофт ДОО Скопје.

Вашата врска со нашиот сајт е безбедна, при што се користи TLS криптографски протокол и соодветен метод на енкрипција.

5.2. Рок на чување на личните податоци

Лични податоци кои ни ги имате дадено се чуваат различен временски период, во зависност од законските услови, како и Вашите барања и потреби.

Личните податоци од видео надзорот се чуваат 30 дена од снимањето видео запис во нашите трговски објекти.

Личните податоци доставени за цели на можно идно вработување од кандидат заедно со пропратни документи (CV) се чуваат 1 година од приемот.

Пред истекот на овој рок, корисникот ќе добие известување на неговата е-маил адреса за да ја потврди неговата согласност, и доколку тоа го стои овие податоци ќе се чуваат уште 1 година.

Доколку корисникот не ја потврди согласноста, по истекот на рокот овие лични податоци ќе бидат избришани.

Личните податоци внесени со користење на “Формата за контакт” се чува 1 година од решавање на барањето.

Документите од областа на работните односи, облигационите односи, финансиско и материјално работење се чуваат согласно роковите предвидени во соодветниот Закон.

По истекот на роковите на чување на личните податоци, истите неповратно се уништуваат со безбедно електронско бришење, согласно политиката за начинот на бришење на документи.

6. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние не вршиме пренос на вашите лични податоци надвор од Р. С. Македонија.

7. МАРКЕТИНГ

Ние вршиме директен маркетинг, на начин што на корисниците кои се согласиле и се претплатиле, им испраќаме известувања за сите новости, актуелности и промотивни активности, на нивната е-маил адреса.

Во секое време можете да ни забраните да Ве конткатираме за цели на директен меркетинг, на начин што ќе ја повлечете согласноста за директен маркетинг преку пополнување на Образец за повлекување на согласност на субјектот на податоците , или пак преку опцијата Unsubscribe (одјава) во е-маил пораката.

8. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ И ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА

Со поврзувањето со нас преку социјалните мрежи и е-маил Вие се согласувате дека ни давате дозвола да вршиме интеракција со Вас преку Вашиот профил на социјалната мрежа и е-маил со цел да ви обезбедиме соодветна помош или совет за Вашите прашања и/или дилеми.

9. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на нашиот сајт. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.

10. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)

Ние не дозволуваме користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Со користењето на веб-страницата изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да ја користите нашата веб страница.

11. КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА ВО ВРСКА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

· право да добиете информации коишто се доставуваат при собирање на лични податоци

Ова право се остварува на начин што пред пополнување на формите на нашата веб страница, сте упатени да ги прочитате и да се согласите со овие правила, во кои се наведени сите потребни информации согласно член 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци.

· право на пристап на субјектот на личните податоци

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да доставите барање по пошта на адреса ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 11/1-1 “ Скопје, или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса edusoft@edusoft.com.mk

· право на исправка

Доколку сметате дека се неточни или нецелности Ваши лични податоци, за тие податоци во секое време можете да доставите барање по пошта на адреса „ ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 11/1-1 “ Скопје или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса edusoft@edusoft.com.mk. По ваквото барање ќе биде постапено во рок од 15 дена.

· право на бришење („право да се биде заборавен“)

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да доставите барање по пошта на адреса „ ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 11/1-1 “ Скопје или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса edusoft@edusoft.com.mk. По ваквото барање ќе биде постапено во рок од 30 дена.

· право на ограничување на обработката

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да доставите барање по пошта на адреса „ ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 11/1-1 “ Скопје или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса edusoft@edusoft.com.mk

· право на преносливост на податоците

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да доставите барање по пошта на адреса „ ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 11/1-1 “ Скопје или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса edusoft@edusoft.com.mk

· право на приговор

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете приговор против обработката на Вашите лични податоци, и тоа да доставите барање по пошта на адреса „ ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 11/1-1 “ Скопје или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса edusoft@edusoft.com.mk

Правото на приговор се однесува на обработка на личните податоци која е:

· потребна за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на контролорот,

· потребна за целите на легитимните интереси на контролорот или на трето лице

· за целите на директен маркетинг, вклучително и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со директниот маркетинг

· право да не бидете предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете приговор против автоматската обработката на Вашите лични податоци, и тоа, да доставите барање по пошта на адреса „ ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 11/1-1 “ Скопје или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса edusoft@edusoft.com.mk

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци на следниов e-mail: edusoft@edusoft.com.mk

Со цел полесен пристап до давањето и повлекувањето на Вашата согласност за обработка, во прилог се обрасци, и тоа:

Образец 1: Образец за согласност на личните податоци
Образец 2: Образец за повлекување на согласност нна субјектот на податоците
Образец 3: Oбразец за барањето за пристап до податоците на субјектот на личните податоци

12. КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ ФОРМА ЗА КОНТАКТ

Со цел полесна комуникација со нас, на нашата веб страница постои веб форма за контакт, при што во формата е потребно да се внесат следните податоци: име и презиме, компанија, телефон, е-маил, и порака. Со клик на полето “Испрати” Вашата порака се проследува до нас, при што добивате потврда за тоа. Доколку во пораката оставате дополнителни лични податоци се смета дека сте согласни со нивната обработка и одговарате за точноста на тие податоци.

13. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се преоценува, а по потреба менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени. Оваа политика е донесена на 12.01.2022 година. Промени во оваа политика се направени на: .27.04.2022.

14. КАКО ДА НЀ КОНТАКТИРАТЕ

За сите работи поврзани со Вашите лични податоци можете да нѐ контактирате на еден од следните начини:

- да доставите писмено барање по пошта на адреса „ ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 11/1-1 “ Скопје

- да доставите барање по електронска пошта на е-маил адресата edusoft@edusoft.com.mk

Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:

(+ 389 2) 3127 323 , e-mail: edusoft@edusoft.com.mk

17. КАКО ДА ЈА КОНТАКТИРАТЕ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Агенција за заштита на личните податоци

бул.„Гоце Делчев“ бр. 18, 1000 Скопје,

тел:++ 389 (2)3230 635

Е-маил: info@privacy.mk

Web: https://dzlp.mk/

II ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА

Кога прв пат ќе пристапите на веб-страницата на ЕДУСОФТ ДОО Скопје ќе добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”.

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач.

Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.

Нашата веб страница користи два вида на колачиња:

1. колачиња што се потребни за услугата, (essential cookies) односно за веб страницата да функционира, и

2. колачиња што не се потребни за услугата, (non essential cookies) при што овие колачиња се користат за:

- зачувување на Вашите поставки (preference & functionality cookies)

- колачиња за перформанци (performance cookies)

- статистички податоци (analytics & customization cookies),

Колачиња што се потребни за услугата се задолжителни и се депонираат веднаш при посета на веб сајтот. За колачињата што не се потребни за услугата Ние обезбедуваме претходна согласност од корисникот откако ќе го известиме, а пред да се депонира колачето. Корисникот има можност да даде согласност само за одреден вид на колачиња, при што доколку не даде согласност за одреден вид на колачиња, особено за колачињата за зачувување на Вашите поставки, одредени функционалности на нашата веб страница нема да функционираат.

ЛИСТА НА КОЛАЧИЊА

Назив на колаче

Потребно или непотребно за услугата

Вид на колаче

Кон нас или кон трета страна

Трајно или привремено (сесија)

Рок на чување

Цел

Видови на лични податоци

ASP.NET_SessionId

Потребно

Потребно

Кон нас

Привремено

Додека трае сесијата

Отворање на сесија

....

_ga

Потребно

Потребно

Кон нас

Трајно

2 години

Ова колаче е поврзано со Google Universal Analytics - што е користена како аналитичка услуга на Google. Ова колаче се користи за раздвојување и идентификување на уникатни корисци со доделување случајно генериран број како идентификатор на клиентот. Вклучен е во секое барање за страница на страницата и се користи за пресметување на податоци за посетители, сесии и кампањи за извештаите за аналитика на страниците.

_gid

Потребно

Потребно

Кон нас

Привремено

1 ден

Ова колаче е поставено од Google Analytics. Зачувува и ажурира единствена вредност за секоја посетена страница и се користи за броење и следење на прегледи на страници.

_gat_gtag_UA_2735116_4

Потребно

Потребно

Кон нас

Привремено

1 мин

Ова колаче е дел од Google Analytics и се користи за ограничување на барањата (ограничен број на барања).

Управување со колачињата

Повеќето интернет прелистувачи Ви дозволуваат да одбиете да прифатите колачиња и да избришете колачиња. Методите за тоа се разликуваат од прелистувач до прелистувач и од верзија до верзија. Сепак, можете да добиете ажурирани информации за блокирање и бришење колачиња преку овие линкови:

(a) https://support.google.com/chrome/answer/95647?hl=en (Chrome) ;

(b) https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences (Firefox) ;

(c) http://www.opera.com/help/tutorials/security/cookies/ (Opera) ;

(d) https://support.microsoft.com/en-gb/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies (Internet Explorer);

(e) https://support.apple.com/kb/PH21411 (Safari);

(f) https://privacy.microsoft.com/en-us/windows-10-microsoft-edge-and-privacy (Edge);

Блокирањето на сите колачиња ќе има негативно влијание врз функционалноста и употребливоста на нашата веб страница.

Офицер за заштита на личните податоци

За сите информации и прашања поврзани со заштитата на Вашите лични податоци, контактирајте го нашиот Офицер за заштита на личните податоци на е-мејл: edusoft@edusoft.com.mk