Вработените во ЕДУСОФТ се силата која ја претвора нашата визија во стварност. Сите наши вработени имаат неколку работи што им се заеднички: покрај тоа што се експерти во својата област, тие се многу професионални, тимски ориентирани, флексибилни, динамични и уживаат во нови предизвици.
Нашите тимски членови беа грижливо одбирани преку докажан долгогодишен процес на собирање на најдобрите млади експерти од различни информатички области. Вработените на ЕДУСОФТ представуваат комбинација на талент, искуство, младешки ентузијазам со динамична и вешта софтверска изработка. Нашите луѓе поседуваат дипломи на еминентни универзитети и представуваат најквалитетен избор на пазарот на работна сила. Младите експерти во спрега со високо стручните менаџери, со мотивација секогаш да се направи нешто подобро, ги привлекуваат најталентираните експерти на локалниот пазар на труд да станат дел од нашиот тим на експерти за софтверско програмирање. ЕДУСОФТ вложува голем напор да ја следи визијата и креативноста на нашиот кадар заедно со најновите трендови во ИТ индустријата. Благодарение на постојаните технолошки подобрувања, нашите тимови и продуктите развиени од нивна страна, држат чекор со турбулентниот и брзо растечки информатички пазар.
Сето индивидуално знаење и експертиза се фокусирани на тимскиот успех. Обврската да се постигне заедничката цел и тимскиот дух се највисоките вредности кои се втемелени во нашата компанија и представуваат движечка нишка на нашиот постојан успех.
Оваа веб странциа користи колачиња за да ја обезбеди потребната функционалност на веб-страницата и да го подобри вашето искуство. Политика за приватност