Прилагоден развој на софтвер

Ако барате долгорочен сигурен партнер за реализација на нови иновативни идеи кои ќе им обезбедат на вашите клиенти дополнителна вредност и ќе го диференциираат вашиот бизнис во жестоката конкурентска околина, тоа е ЕДУСОФТ кој може да ви испорача резултат. Од паметна кастимизација на пред-развојни платформи до целосен циклус на развој на кастимизиран софтвер според визијата на клиентот, ЕДУСОФТ е искусен развоен партнер кој ќе ви испорача трошковно ефикасни и сигурни софтверски решенија кои ги задоволуваат вашите специфични и единствени барања.

Нашата методологија за прилагоден развој на софтвер

Од стартот на проектот, вие ќе ги препознаете технолошките вештини на нашиот тим, експертизата во доменот проектен менаџмент – од дефинирање на првичните барања и моделирањето на бизнис процесите до обука на корисниците и поддршка и одржување на решението.

Воообичаено сугерираме поделба на целиот проект во неколку итерации (добро дефинирани временски периоди со фиксни цели и резултати). Ваквиот итеративен пристап ги има следниве предности:

  • Транспарентност: Секоја итерациона испорака е навремена и во рамките на буџетот.
  • Сигурност: Секоја испорака е предмет на процедури на прифаќање за да се потврди дека барањата се задоволени.
  • Готова верзија за употреба: Секоја испорака содржи по некоја од очекуваните функционалности и може веднаш да се стави во употреба.

ЕДУСОФТ има повеќе од 20 години искуство во развојот на кастимизиран софтвер. Нашата експертиза се состои од опсежен сет на алатки и технологии кои ни овозможуваат да ги изведуваме најсложените и најпредизвикувачките проекти и да ги задоволиме барањата и очекувањата на клиентот.

Домени

Развој на деловни решенија

Развој на веб-базирани решенија

Развој на мобилни апликации

Развој на десктоп апликации


Технолошка експертиза

Поседуваме експертиза за развој на софтвер користејќи водечки технологии...