Работењето во јавниот сектор е често пати благодарно но и секогаш захтевно. Задоволувањето на барањата на граѓаните, колегите и надзорните групи, бара ниво на ефикасност и одговорност кои ретко се среќаваат кај приватните претпријатија. Осетливата природа на јавните податоци и извештаите, управувањето со работната сила, владините и фондовските стандарди ја подигаат потребата за технолошки решенија кои се сигурни, ефикасни и безбедни.
Со стотици инсталации во разни градски, локални и државни агенции, нашиот тим одговорен за јавниот сектор знае како да им помогне на владините тела да го зголемат задоволството во рамките на заедницата истовремено подобрувајќи ја оперативната ефикасност.
ЕДУСОФТ работи со општини, министерства и други владини институции со цел да им помогне да испорачаат значајни промени, да ги подобрат перформансите и финансиската ефикасност со обезбедување на софтвер за финансиски менаџмент со проверен квалитет и Е-бизнис решенија.
Нашиот тим има искуство од прва рака во работењето со организации од јавниот сектор. Преку ваквото разбирање, ние можеме да работиме со вас и да ви помогнеме да остварувате опипливи резултати кои ќе имаат позитивно влијание како на вашата институција така и на оние кои ги користат вашите услуги.