За нас

Компанија

Едусофт е професионална софтверска компанија основана во 1990 во Скопје, која што е специјализирана за дизајн, развој и имплементација на софтверски апликации.

Нашето портфолио се состои од голем број на реализирани софтверски проекти наменети за различни сектори како: осигурување, правосудство, ветеринарство, јавен сектор, локална самоуправа, градежништво и други.

Едусофт со гордост го истакнува високо етичкиот пристап кон бизнисот и оваа заложба доаѓа од врвот па надолу. Повеќето наши вработени даваат долгогодишен значаен придонес во работата, и ова богатство од искуство редовно се освежува со млади, талентирани луѓе кои се придружуваат на нашата компанија, често пати директно од факултетските клупи.

Основни податоци

Целосен назив Друштво за информатички инженеринг
Едусофт ДОО Скопје
Кратко име Едусофт
Година на основање 1990
Матичен број 5122473
Даночен број MK 4030996117953
Адреса ул. Филип II Македонски 11-1/1
1000 Скопје
Телефон (+ 389 2) 3 127 323
Факс (+ 389 2) 3 215 414
Електронска адреса edusoft@edusoft.com.mk
Веб адреса www.edusoft.com.mk

Нашата мисија

Квалитет на нашите продукти и услуги

Ние тежнееме кон производство на софтвер со највисок квалитет кој ќе биде достапен насекаде во индустријата.

Задоволство на корисникот

Нашите клиенти се фокусната точка на нашиот софтверски развој. Ова е потребно за да се максимизира корисноста на софтверот кој го создаваме. Одличната комуникација е потребна за успехот во напорот за развој на софтверот. Се стремиме да изградиме тесни деловни односи со нашите клиенти пред, за време и по развојот на софтверот. Со гордост го поддржуваме нашиот софтвер, со желба да го максимизираме задоволството на нашите корисници со софтверот што го создаваме за нив.

Постојано подобрување

Софтверската индустрија е преполна со технологија. Многу индивидуални технологии се широки во опсегот и богати во карактеристиките. Од суштинско значење е овие технологии постојано да се изучуваат, секогаш тежнеејќи кон совршени вештини во тие области. Исто така, потребно е напоредно да се следат новите идеи, алатки и техники. Ние во ЕДУСОФТ го препознаваме ова и постојано работиме на зголемување на длабочината и широчината на нашето знаење и вештини за развој на софтвер.

Сертификати за квалитет

  • ИСО 9001 стандард за квалитет за дизајн и имплементација на софтверски системи и информатички консалтинг
  • ИСО/ИЕЦ 20000 стандард за управување со ИТ сервиси
  • ИСО 27001 стандард за системи за управување со безбедност на информации