Како ние работиме

Фокусирани кон квалитетот

Како компанија ориентирана кон корисниците, ние правиме најдобро што можеме да ги направиме нашите процеси што е можно појасни и потранспарентни за вас. Ние ги користиме најдобрите индустриски практики и секогаш се обврзуваме да испорачаме предвидлив, високо квалитетен резултат кој што вие го очекувате. Ние го ставаме главниот фокус на испорака на високо квалитетни и сигурни решенија со долгорочна вредност, кои ќе им овозможат на нашите корисници да се сконцентрираат на нивните главни бизнис цели.

Во заедничка комуникација со нашите клиенти ние откриваме каков вид на решение точно одговара на нивните потреби, како сакаат да им работи и кои бизнис процеси се вклучени. ЕДУСОФТ секогаш го има во предвид идното проширување на бизнисот, така што вашето решение ќе биде направено скалесто и флексибилно за подоцнежна модификација, во чекор со растот и трансформацијата на вашиот бизнис.

Развоен процес

Нашиот инкрементен-итеративен развоен процес обично е поделен на неколку фази:

  • Инцијално собирање на барањата
  • Анализа и проектна спецификација
  • Креирање на прототип
  • Имплементација и поднесување на демо верзии за одобрување
  • Тестирање на продуктот
  • Испорака на конечната верзија
  • Пуштање на решението во производство, стабилизирање и обука на корисниците

Го користиме овој пристап во софтверскиот развој, бидејќи веруваме дека ги нуди следниве предности:

  • Транспарентност – Секоја итеративна испорака се прави на време и во рамките на буџетот.
  • Сигурност – Секоја испорака е предмет на процедури за прифаќање, со цел да се потврди дека сите барања се задоволени.
  • Функционалност - Секоја испорака содржи некоја од очекуваните функционалности и може да се користи веднаш